Вељановски се сретна со Шон Берет

Денеска претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељановски се сретна со претседавачот на Претставничкиот дом на Ирска, Шон Берет.

На средбата претседателот на Собранието Вељаноски го искажа задоволството од гостопримството и средбата која овозможи искрена размена на информации и мислења за европските интеграциони прашања, за билатералните и другите прашања во функција на натамошно унапредување на  вкупните пријателски односи меѓу двете земји. 

          Од своја страна, претседавачот на Претставничкиот дом на Ирска, Берет истакна дека малите земји, како Ирска имаат проблем да најдат сојузници, а така е и со Република Македонија. Тој ја потенцираше поддршката која Ирска и ја даваше и ја дава на Република Македонија, но сепак изрази жалење што Ирска не можела да влијае на одлуките на другите земји. Претседавачот со Претставничкиот дом, г. Берет потенцираше дека од нивна страна нема ништо што би ја сопрело Република Македонија да стане дел од Европската унија и ја истакна поддршката кон Република Македонија во напорите да стане дел од ЕУ. 

најчитано сега