Британија воведува Закон за медиуми построг од Македонскиот - Мијатовиќ не бара средба со Премиерот

 

По 300 години медиумски слободи Велика Британија се враќа во средниот век. Текстови со ваква содржина осамнаа во британските медиуми откако пред два дена со кралска уредба беше донесена нова регулација за медиумите. Аферата со прислушување на згаснатиот Њуз оф тхе њорлд ја смени перцепцијата на јавноста за правата на новинарите и слободата на медиумите и ја покрена дебатата која резултираше со закон за кој сега медиумите велатдека е драконски.

Се предвидува формирање на надзорен орган кој ќе ја надгледува работата на саморегулаторното тело кое веќе функционира но кое според властите во Велика Британија не ја исполнува улогата на заштита на правата не само на јавните личности туку и на обичните граѓани. Во него нема да членуваат новинари а ќе има овластување да ги казнува медимите со казни до 1 милион фунти.  Ова тело ќе донесе етички кодекс за однесување кој ќе важи не само за информативните медиуми туку иза блоговите со информативна содржаина кои остваруваат одреден годишен профит.

Уредниците на највлијателните медиуми изразија страв дека за прв пат во британската историја ќе имсе овозможи на политичарите директно да влијаат на уредувачката политика и новинарската проценка во слободните медиуми. Иако е оставено на нивната слободна воља да потпаднат под оваа регулација, стравуваатдека сопствениците лесно ќе се согласат зашто уредбата има дефинирано примамливо колаче- оние кои ќе пристапат ќе имаат олеснувања кога станува збор за тужбите за клевета од трети лица и ќе можат споровите да ги решаваат со извинување.

„Состојбата е крајно депресивна и многу алармантна. Со една мала клетва се уништува стогодишната традиција на земјата во коај печатот беше слободен и независен од почлитичко мешање“, вели извршниот директор на Тајмс Роџер Алтон.

За состојбата со британскиот прес се огласи  пртставничаката на ОБСЕ Дуња Мијатовиќ со порака - политичарите да не се мешаат во работата на новинарите.

Велика Британија беше водечка земја во медиумските слободи и треба и понатаму да биде лидер, а не да ги намалува стандардите што ги градеше во изминатите 300 години - вели Мијатовиќ,  но не бара средба со бритабнскиот премиер како што тоа го стори во Македонија ниту пак го користи за неа познатиот вокабулар со кој прогласува медиумски мрак.

За состојбите во неговата земја, Сител побара став и од евро парламентарецот Ричард Ховит кој воедно е известувач за Македонија но тој најави дека ќе одговори во текот на идната недела.

 

02.11.2013 - 11:39

најчитано сега