Алијанса за Албанците: Да се наградат и лекарите од општа медицина, немедицинскиот персонал и администрацијата

Сведоци сме  дека многу земји обезбедија и почнаа со вакцинирање на нивните граѓани и со сигурни чекори и со соодветна кампања, се на добар пат да ја постигнат главната цел, вакцинација на 60-70% од нивното население, кое ќе доведе до стабилизација на епидемиолошката ситуација, стои во соопштението на Алијансата на Албанците.

„За жал, граѓаните на Северна Македонија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора, ќе треба да чекаат до неодредено  време за реализација на овој колосален здравствен и економски проект во глобално ниво. Чудно,  во ова група не спаѓа Србија, која ги има обезбедено првите дози иако не е членка на ЕУ, ниту членка на НАТО, додека Северна Македонија, како земја со најголема смртност од Ковид 19 во Европа, требаше да има предност за вакцинација на населението против чумата на 21 век.

Алијанса за Албанците, преку Комисијата за Здравство му се обраќа на:

1. Светската Здравствена Организација со апел дека програмата КОВАКС, потпишан од околу 170 земји, не обезбеди доволна количина на вакцини и не ги почитувал приоритетите на овој проект на векот, оставајќи ги настрана земјите со средни или ниски приходи, затоа апелираме за меѓународна соработка за да се обезбеди дека сите луѓе ќе имаат рамноправен пристап за вакцината и рамноправен третман за време на пандемијата со коронавирусот, за да не се појави „националистичка вакцина„, која била штетна повеќе од самиот вирус, како што изјавил Претседателот на СЗО.

2.  Влада на Република Северна Македонија, да ги остави настрана сите други приоритети и да обезбеди соодветна количина на дози, користејќи ги сите можни механизми, дипломатските врски, членството во НАТО и помошта од земјите членки на ЕУ.

3. Апелираме до Министерството за Здравство да организира мултилатерална средба со министрите за здравство на Западен Балкан, каде што ќе се донесе одлука за заедничка апликација за обезбедување на вакцините од КОВАКС системот, од земјите членки на ЕУ или директно од фармацевтските компании.

Истотака апелираме до Министерство за Здравство да организира едукативна кампања за јавно здравство, каде што целта би била да подготви што повеќе луѓе за доброволна и бесплатна вакцинација, за да им се обезбеди на граѓаните што повеќе информација во врска со вакцината, нејзиното дејство, несаканите ефекти и контраиндикациите како и организација и спроведување на програмата за вакцинација на сите граѓани кои ќе бараат да ја примат вакцината.

Почитувани граѓани,

Според информациите што ги располагаме, Министерството за Здравство ги наградила лекарите и здравствениот персонал со 30 000 денари, одлука која е за поздравување, но е неоправдано да се остават настрана и да не се наградат и лекарите од општа медицина, немедицинскиот персонал и администрацијата, кои на директен или индеректен начин биле вклучени во лечење на болните во борба против Ковид 19.

Бараме од министерот и владата итно да се реши овој проблем и да се наградат и овие категории на работници во здравствените институции, во спротивно тоа значи дека владата за некој е мајка а за некој маќеа“, велат од партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.12.2020 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега