ФОТО: Момче слика портрети иако се родило без рака

 

Мариус Кеџиерски од Полска се родил без рака, но сепак во животот се прави сам. Ова момче само си ги врзува патиките, вози автомобил, игра фудбал и други спортови, а она што е најинтересно за него е дека има и неверојатен талент за цртање портрети.

- Ваков сум се родил, а зошто..тоа никој не знае. Но, се трудам тоа да не ми пречи во животот, вели истрајното момче.

Тој вели дека омилена активност му е цртањето реалистични портрети.

- Секој портрет е различен, па ми треба различен период да ги завршам. Некои се готови за еден ден, а за некои треба повеќе време...вели момчето.

Браво за ова храбро момче кое е доказ дека кога се сака во животот се се може!

02.11.2013 - 11:00

најчитано сега