ФОТО: Премиерот Груевски се сретна со европратеничката Дорис Пак

Претседателот на Владата, Никола Груевски, синоќа оствари средба со европратеничката Дорис Пак, која престојува во дводневна официјална посета на Македонија.

На средбата, Груевски и Пак разговарале за евроинтеграциите на Македонија, чекорите кои ги презема македонската Влада во оваа насока, како и позитивниот извештај со кој земјава доби петта по ред препорака за почеток на пристапните преговори.

Како што стои во соопштението од Владата, премиерот Груевски изразил благодарност до Дорис Пак за нејзиното ангажирање и поддршка за Македонија и нејзините евроинтеграции, и пред неа потенцирал дека Владата темелно ќе ги согледа сите препораки на Европската Комисија и ќе изработи акциски план кој ќе се спроведува во текот на наредните 12 месеци.

Од своја страна, Пак оценила дека позитивниот извештај на Европската Комисија овозможува Европскиот Совет да донесе позитивна одлука.

Двајцата соговорници изразиле надеж и дека ќе продолжи добрата соработка со Европскиот Парламент која се одвива на повеќе нивоа.

02.11.2013 - 10:43
Фото: 
МИА

најчитано сега