Новак Ѓоковиќ ќе стане татко!
Најпознатиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе стане татко! Неговата вереница со која наскоро ќе прави свадба е во петтиот месец од бременоста.
Инаку, Новак и неговата поубава половина Јелена се во врска цели осум години, а тој ја запроси пред неколку месеци.
Па, освен што ќе учи како да плива во брачните води, Ноле има уште една причина за славење. Дефинитивно оваа и наредната година ќе ги памети како најубави години во животот.
01.11.2013 - 16:45