Бомба во судница во Москва - загинаа две лица

 

 

Загинаа две лица денеска кога маж обвинет за напад активира бомба што ја носел со себе за време на судски процес против него во градот Курган на 1.730 километри југоисточно од Москва.

Во експлозијата во судницата загинале обвинетиот маж и еден пприпадник на судското обебзедување, додека две други лица се повредени, соопшти рускиот Федерален истражен комитет.

Според истите извори, судскиот службеник загинал на самото место на експлозијата, додека „бомбашот“ нешто подоцна во болница им подлегнал на здобиените повреди.

Руските медиуми информираат дека двете повредени лица се вон животна опасност.

01.11.2013 - 16:18

најчитано сега