Ивановски на Самит за Отворено владино партнерство во Лондон

Министерот Иво Ивановски учествуваше  на Самитот за Отворено владино партнерство во Лондон, на кој присуствуваа над 1.000 делегати од 61 земја во светот, меѓу кои високи владини претставници, експерти и активисти од граѓанското општество, бизнис лидери и претставници на меѓународни организации, како што се Светската банка, Организацијата за економска соработка и развој, УНДП и Интер-американската банка за развој.

На самиот ги споделиле искуства од нивните земји  преку обезбедување на реални примери за тоа како отвореноста може да ги подобри јавните услуги, да го зголемува економскиот раст, да придонесе за намалување на сиромаштијата и корупцијата, како и враќање на довербата на јавноста во владата, соопштува МИА

Министерот Ивановски остварил бројни билатерални средби со учесници на самитот на кои ги претставил заложбите на Република Македонија за развој на Отвореното владино партнерство, потенцирајќи дека нашата земја е предводник во регионот во оваа област. Тој оценил дека овој процес, меѓу другото ја истакнува и транспарентната улога на владата, како една од битните основи на секое демократското општество.

Самитот за Отворено владино партнерство во Лондон, на кој воведно обраќање имаше британскиот премиер Дејвид Камерон, претставува иницијатива насочена кон обезбедување на конкретни заложби од владите да се промовира транспарентноста, да се зголеми граѓанското учество, борбата против корупцијата, како и искористување на новите технологии, а целта е граѓанинот и државата да работат на решавање на заедничките проблеми

01.11.2013 - 15:56

најчитано сега