ВМРО-ДПМНЕ одговори на интервјуто на Ахмети: Немаме ист впечаток со ДУИ околу спорот за името

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска се огласи околувчерашната изјава на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

- Во однос на Законот за медиуми, ВМРО-ДПМНЕ не ги знае причините заради кои ДУИ го има овој став. Со оглед на тоа што Законот до сега ги помина сите владини и собраниски постапки, а ДУИ учествуваше во нив и го поддржуваше без никакви конкретни забелешки, би биле задоволни ако ги слушнеме причините за новата позиција на ДУИ. Тоа што нам ни било соопштено од ДУИ и од г-дин Ахмети е дека за овој закон ДУИ нема конкретни забелешки и дека неговото усвојување треба да го почека декемврискиот самит на ЕУ, валат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат и дека немаат впечаток каков што има ДУИ и г-дин Али Ахмети околу прашањата поврзани со проблемот со името, а тој впечаток е изграден од мноштвото средби кои тие ги имале.

Нашата партија има принципиелен и добрo познат став по однос на ова значајно прашање, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

01.11.2013 - 15:48