Претераа: За Ноќта на вештерките се продавале реплики на крвави човечки раце

 

Изминативе денови сите се трудеа да направат нешто што ќе ја шокираат јавноста за Ноќта на вештерките.

Но, норвешката продавница Европис претера во тоа, или барем така тврдат нејзините купувачи. Имено, на полиците во продавницата, на одделот за костими за Ноќта на вештерките, се појавиле реплики на крвави човечки раце спакувани во амбалажа како оние за месо.

Јавноста, која била згрозена од ваквата понуда, побарала спорниот производ да се повлече од продавницата затоа што ги шокирало децата, на што Управата за трговија веднаш реагирала согласно барањата на своите потрошувачи.

01.11.2013 - 15:16

најчитано сега