Белгија: Уапсени крадците на дијамантот вреден 50 милиони долари

Велгиското обвинителство денеска изјави дека во три земји се притворени 31 лице кои биле поврзани со спектакуларен грабеж на дијамантот, вреден 50 милиони долари на бриселскиот аеродром „Завентем“, пред три месеци. Обвинителот Ања Бијненс изјави дека едно лице е притворено во Франција, шестмина во Швајцарија и 24 во Белгија и сите се поврзани со грабежот на бриселскиот аеродром на 19 мај. Грабежот на Светскиот центар за дијаменти во Антверпен беше означен како еден најголемите грабежи на сите времиња. 

Грабежот го изведоа осумина мажи, преоблечени во полицајци кои пред полетувањето на авионот улетале со возилата на пистата, каде што го украдоа дијамантот.

најчитано сега