Отворени денови на ДУТ

Државниот универзитет во Тетово денеска организираше промоција на академската понуда за учебната 2013/2014 година.

- Во досегашните промотивни активности ние сме се претставиле во сите средни училишта во државата, а сме учествувле и на саемите за образование во Скопје и Приштина. На отворените денови ќе бидат промовирани и новите студиски програми за специјална едукација и рехабилитација, математика во финасии и бизнис, менаџирање на квалитетот на храната и драматургија и уметничка режија. Покрај во дисперзираните студии од оваа година програмите за бизнис администрација, екологија и политички науки ќе бидат отворени и во Тетово, рече ректорот Вулнет Амети.

Во новата учебна година на ДУТ планирано е да се запишат 5.630 нови студенти.

ФОТО:Сител 

најчитано сега