Александар Вучиќ денеска ќе го посети Косово

Претседателот на српската Влада Александар Вучиќ ќе го посети денеска Косово, јави Танјуг.

Министерот без портфељ задолжен за Косово и Метохија Александар Вулин за РТС изјави во средата дека Вучиќ ќе биде во Грачаница, а првиот потпретседател претходно најави дека пред локалните избори ќе го посети Косово за да ги охрабри Србите да излезат на  изборите.

Локалните избори на Косово се закажани за в недела.

01.11.2013 - 09:39

најчитано сега