Најмногу милионери живеат во Токио, а милијардери во Њујорк

 

Во Токио живеат најмногу милионери, додека најголем број на милијардери има во Њујорк. Ова го покажаа последните податоци на британската компанија Велтинсајт. Беа земени во предвид рејтинзите на градовите во светот, според бројот на доларските милионери и милијардери.

461 илјада милионери живеат во Токио, во Њујорк, кој е на второ место живеат 389 илјади, а на трето место е Лондон со 281 илјада милионери, а Москва со 101 илјада милионери ја затвора листата од првите 20, пишува рускиот весник „Комерсант“. 

Лондон, како место за живеење го преферираат мултимилионери (со повеќе од 30 милиони долари), каде има 4.224 такви лица, на второ место е Токио со 3.525, на трето Сингапур со 3.154, додека Њујорк со 2.929 мултимилионери е на четврто место. Оваа листа ја затвора Рим, каде според податоците на Велтинсајт живеат 945 мултимилионери. 

Њујорк е на прво место според бројот на милијареди (70), а на второ место со 64 е Москва.

Според прогнозите на Велтинсајт до 2020 година САД ќе бидат на прво место во светот според бројот на милионери, кои таму живеат. На второ место ќе биде Кина, а на трето Јапонија.

најчитано сега