Кавадаречките пожарникари добија униформи од фабриката „ДрекслМаер”

Кавадаречките пожарникари денеска добија униформи од германската фабрика „ДрекслМаер”.

- Свесни сме дека ќе бидеме голем работодавач во овој град за долго и имаме намера многу да инвестираме во заштита, здравје и безбедност на луѓето кои понатаму ќе бидат наши партнери, рече менаџерот во фабриката, Кристијан Харлт.

Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов, најави изградба на нов објект за противпожарната служба. - По завршувањето на формалностите со урбаничстичкиот план ќе изградиме совренема зграда за противпожарна. Чест ми е што и германската компанија се вклучува во редот на оние кои се покажаа како општетсвено одговорни. Очекуваме донација од нив и во детската градинка, рече Панов.

- Се надеваме дека соработката ќе продолжи и понатаму. Побаравме и едно помало возило за да можеме да интервенираме во случај на пожар во тесните улици, изјави Илчо Богевски, командир на противпожарната единица.

31.10.2013 - 15:37

најчитано сега