Завршува вселенската авантура на БиМилк - над 4.000 дечиња ги открија тајните на космосот

Над 4.000 дечиња овие денови имаа шанса да ги дознаат тајните на космосот.  Оваа вселенска авантура започна на 10 октомври која ја организарше  БиМилк и ТЦ Рамстор, а официјално завршува вечер.

Децата слушнаа кој прв стапнал на Месечината, видоа реплика од вселенскиот костим на Нил Армстронг, гледаа низ роботски очила и носеа вселенски шлемови. Повеќето изработија ракети од пакување Битолско млеко со десет витамини, а најдобрите беа наградени.

- Вселенската авантура се роди од идеја да се организира настан кој ќе ги едуцира децата на нов, невообичаен, интерактивен и забавен начин. Интерсот беше голем, рече координаторот за маркетинг во БиМилк Поликсена Ристеска по повод денешната завршна манифестација.

Според директорот за развој на ТЦ Рамстор Џеладин Џули, целта на настанот беше преку добра забава, младите да научат повеќе за космосот.

 

31.10.2013 - 14:47

најчитано сега