Жените во Македонија најчесто и повеќекратно дискриминирани

На денешната дебата „Предизвиците на кумилативната и интер-секциската дискриминација во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка, учесниците констатираа дека постоечките законски решнија не се доволни за да може да се справат со случаите на повеќекратна дискриминација, поради што е потребен хармонизиран модел на анти-дикриминациско законодавство. 

Јован Ананиев од Комисијата за заштита од дискриминација посочи дека до Комисијата од почетокот на нејзината работа до денеска доставени се  210 преставки од кој 175 се по еден основ на дискриминација, а станатите се за повеќекратна дискриминација.  - Една жена, која што е  возрасна, ја распределија на друго работно место. Овде  имаме дискриминација во однос на возраст, пол и распределба на работно место кое беше на 100 километри од нејзиниот дом, рече Ананиев.

Како најзагрозени во повеќекратната дискриминација тој ги посочи Ромите каде се дикриминирани по однос на  различната боја на кожа, етничката припадност, јазикот, различната религија, социјалното потекло, пол, возраст ... 

Ѓунер Небиу, претседателката на женската организација „Антико“ истакна дека најчесто во нивната организацијата се среќаваат со родовата дискриминација каде погрешниот пристап кон тој проблем семејствата го прават уште од најраната возраст каде децата ги делат и бараат различно  однесување кај момчињата и различно однесување кај девочињата. - Ние невладините организации се обидуваме да ја освестиме јавноста, родителите и сите други релевантни институции за да можат децата од раѓање да се третираат исто, да имаат ист пристап, одговорност како во домот така и надвор, рече Небиу.

Жанета Попоска од ОБСЕ посочи дека жените и старите лица се најранливите групи. Таа забележа дека постоечкото анти-дискриминациско законодавство не е во состојба да го реши проблемот со повеќекратната дискриминација.

31.10.2013 - 14:30
Фото: 
Ерепортер