„Шпански скали“ никако да почнат: Предметот поради кој Јанакиески е во притвор одложен дури за во февруари
Случајот „шпански скали“ за кој на Миле Јанакиески му е одреден притвор повторно е одложен. Следното рочиште ќе се одржи дури во февруари следната година. Во февруари рочишта ќе има на 9 и 23, а до јуни закажани се девет расправи, пренесува „Република“.
Јанакиески секојдневно е на суд за другите предмети за кои е обвинет но не и за предметот за кој му е одредена мерката домашен притвор.
Адвокатот Еленко Миланов не може да си објасни зошто следното рочиште е закажано дури за три месеци.
- Притворските предмети по редот на нештата треба да имаат приритет но навистина немам одговор зошто за овој предмет не е така-вели Миланов во изјава за „Република“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа