Филипче: Се намалува бројот на хоспитализирани, но далеку сме од позиција да здивнеме

Министерот Венко Филипче, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека вирусот во последните неколку дена се смирува, односно вирулетноста се намалува, меѓутоа и натаму здравствените и сите власти се внимателни, затоа што, како што кажа министерот, вирусот и натаму е непредвидлив.

„Има многу претпоставки за вирусот, не само кај нас, туку секаде во светот. Дали може да се каже што ќе се случува во слендиот период, колку ќе трае овој бран. Тоа што се случува кај нас е да има намалување на притисокот на пациенти во болници. За разлика од првите денови од ноември кога притисокот беше огромен“, рече Филипче

Додаде и дека и натаму е далеку моментот кога може да се здивне, и покрај тоа што факторот на преносливост е намален.

„Факторот на преносливост е намален. Ситуацијата на некој начин се смирува. Далеку е ова од ситуацијата кога можеме да кажеме дека дефинитивно можеме да здивнеме. Но се покажа дека вирусот е апсолутно непредвидлив. Немаме параметри со кои можеме да дадеме прогноза што ќе се случува понатаму“, рече Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.12.2020 - 22:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега