ФОТО: Кога Бијонсе ќе „влета“ во кадар

Една обожавателка на Бијонсе доживеала нешто што ретко на некој му се случува.

Девојката била на концерт на Бијонсе во Мелбурн и во текот на концертот сакала да направи своја  фотографија , Бијонсе ѝ пришла зад грб, а девојката вооопшто не била свесна за тоа, па видно се изненадила кога ја погледнала фотографијата.

 Не можам да верувам дека тоа ми се случило. Се сеќавам само дека таа пееше покрај мене и пријателите кога почнав да се фотографирам. Тоа беше најдобриот момент во животот. Како да позирав. Тоа беше лудо. Не очекував дека ќе позира или ќе ме забележи во публиката – напишала 15-годипната Австралијка.

31.10.2013 - 14:23

најчитано сега