Почина Диего Марадона - светските медиуми ја објавија тажната вест

Диего Армандо Марадона, легендарниот фудбалер, наводно доживеал срцев удар и починал во својот дом во Аргентина на 60-годишна возраст, објавија светските медиуми.

Марадона пред две недели излегол од болница каде бил успешно опериран после крварење на мозокот.

Меѓутоа, му се слошило во неговиот стан и починал.

Марадона со Аргентина го освои Светското првенство во Мексико во 1986 година.

Клубовите за кои играл се Аргентина јуниорс, Бока јуниорс, Барселона, Напуљ, Севилја, Њувелс Олд Бојс.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.11.2020 - 17:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега