Сали Бериша прогласен за почесен граѓанин на Дебар

Советот на општина Дебар денеска донесе одлука поранешниот шеф на државата, екс премиер и лидер на Демократската партија на Албанија  Сали Бериша, да биде прогласен за почесен граѓанин на Дебар.

Оваа одлука следува по предлогот на  Ружди Љата, а на денешната седница беше донесена едногласно, бидејќи за неа гласаа сите петнаесет советници, од ДУИ, ДПА, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ,ТДП и еден независен кандидат.

Во образложението на одлуката стои дека ова признание му се доделува за „посебни заслуги и придонес во обединувањето на дебарската крв“, односно за запознавање на роднини од двете страни на границата.

Бериша по поразот на јунските парламентарни избори даде оставка од лидерската функција во Демократската партија, на чие чело беше две децении. 

31.10.2013 - 14:07
Фото: 
А1.он

најчитано сега