Се фрлило од 30 кат - кинески наставник му рекол на десетгодишно момче да се фрли низ прозор

Десетгодишно кинеско момче се го одзело животот фрлајќи се од 30 кат, само затоа што не успеало да напише самокритично писмо со извинување кое од него го побарал неговиот наставник. Од училиштето пуштиле соопштение дека момчето случајно умрело. 

Наставникот му рекол на Том и останатите ученици од петто оделение да напишат извинување од 1000 знаци. Наставникот, според зборовите на роднините на момчето и комшијата, му рекол да се фрли од зграда откако не успеало да ја заврши задачата.

„Наставнику не можам тоа да го направам. Се обидов неколку пати да се оттрганм кога се обидов да скокнам од зградата“, пишувало на еден од неговите учебници. Бесните роднини поставиле транспарент пред школото во југозападниот град Ченгд на кој пишува, „наставникот го примора нашето дете да се фрли од зграда“. 

Локалните официјални лица соопшија дека истрагата се уште е во тек. 

 

31.10.2013 - 13:03