Петмина мртви во инцидентот во Џенова

 

Во вчерашниот инцидент на пристаништето во северозападниот италијански град Џенова загинаа петмина лица. Четворица се водат како исчеанзати, а уште толку се повредени и се наоѓаат во болница. 

Сите загинати се вработени во пристаништето. Несреќата се случила откако брод удрил во контролната кула во пристаништето. Огромната, над 50 метри висока кула, е урната од сударот.

Инцидентот се случил точно при предавањето на смените на вработените и затоа во кулата имало повеќе луѓе од вообичаеното. Три лица веројатно биле блокирани во лифтот на кулата и можеби паднале во морето.

Сударот се случил додека товарниот брод „Џоли Неро“ менаверирал на излегување од пристаништето. Бродот со должина од 238 метри и тежина од 40.594 тони е сопственост на компанијата Инацио Месина енд. Ко.

најчитано сега