Паника во СДСМ - власта во Центар може да падне

 

Паника во редовите на опозициската коалиција по последните случувања во општина Центар. Откако првиот човек во општинскиот совет Мирослав Шиповиќ доби кривична пријава за криминал тежок 1 милион евра, на Бихаќка владее загриженост околу можноста да им падне власта во централната скопска општина. Порталот Плусинфо кој важи за близок до опозицијата во денешната анализа ги пренесува стравувањата на градоначалникот Жерновски изнесени во една ТВ емисија дека постои можност, ново мнозинство да управува со оваа единица на локалната самоуправа.
Жерновски стравува од неколку сценарија. Едното е советниците на ВМРО-ДПМНЕ да си поднесат оставка и да предизвикаат нови избори во општината. Второто е да се издејствува поддршка од некој од советниците кои во моментов ги контролира СДСМ и практично да се повтори сликата од пред 4 години, кога двајца советници од НСДП и ЛДП му се приклучија на ВМРО-ДПМНЕ и формираа мнозинство во советот.
Следното сценарио е доколку Шиповиќ биде осуден или си поднесе оставка, советникот од ВМРО-НП кој треба да дојде на негово место да се приближи до својата матична партија ВМРО-ДПМНЕ.
Од ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати излегоа со став дека остануваат конструктивна опозиција во советот а за тоа говорои и фактот дека заеднички се гласа за проекти кои се од големо значење за граѓаните. Единствено за што советници од оваа партија не се согласуваат да гласаат е за блокада на проектите кои се веќе најавени во Скопје 2014 и измена на ДУП-овите за нив.
Сепак ситуацијата на терен, покажува дека постои голема веројатност во ситуација кога би дошол нов советник тој да се приклучи кон советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, особено поради заладените односи на релација ВМРО Народна, СДСМ.

31.10.2013 - 11:31

најчитано сега