Провалиле во станот на градоначалникот на Куманово

Крадци провалиле во станот на кумановскиот градоналник Зоран Дамјановски, јавува Плусинфо. Порталот повикувајќи се на информации од МВР пишува дека крадците ја пробиле бравата на врата но не успеале да влезат во станот бидејќи во моментот наишле соседите. 

Обидот се случил пред 2 дена помеѓу 13 и 14 часот кога во станот на семејството Дамјановски немало никој. 

Од полицијата за Плусинфо велат дека најверојатно станува збор за повеќе лица. Бравата ја дупчеле со бормашина а бургијата ја ладеле во водата за цвеќиња која стоела во шише пред станот. 

Крадците истиот ден провалиле во друг стан во зградата, еден кат над градоначалникот, и однеле златен накит во вредност од 10.000 евра.

31.10.2013 - 11:17