Земјотрес со јачина од 4,1 степен удри во источна Турција
Жителите од округот Ван вчера беа потресени од земјотресот кои удри во Источна Турција со јачина од 4,1 степен, пренесува турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк. Епицентарот на потресот се случил во селото Атманџа нешто околу 40 минути по полноќ, на длабочина од пет километри. Засега нема никакви информации за повредени и загинати, а единствено е предизвикана материјална штета.
Во октомври 2011 година во два земјотреси во Ван со јачина од 7,2 и 5,7 степени по Рихтер загинаа над 600 лица, а повредени беа над 1.300 луѓе
31.10.2013 - 11:13