ФОТО: Полицијата изврши претрес - запленето нелегално оружје и украдено возило во прилепско
Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи-ОВР-Прилеп, извршија три претреси во село Големо Радобил, прилепско, при што е пронајдено и одземено нелегално оружје ( пет пушки) и пронајдено и одземено едно патничко моторно возило кое претходно беше пријавено за украдено.
„Во домот на 52-годишниот М.М. пронајден и одземен е еден ловен карабин 7,9 модел 98, кај 41-годишниот Т.Ј. (пронајдени и одземени се два ловни карабини и 42 парчиња муниција и кај 49-годишниот Ф.Ц. пронајдени и одземени се една ловџиска пушка и еден ловџиски карабин и одземено возило „волво“, кое претходно е пријавено за украдено. Против овие лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави“, информира МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа