Извозот на турските сапуници носи 150 милиони долари!

Фират Гилген, претседател на Управниот одбор Калинос Холдинг, кој извезува важен дел од турските серијали и филмови, изјави дека и понатаму извезуваат серии и филмови во над 50 земји, како и дека лани првпат влегле на пазарите на Украина, Пакистан, Русија и Кина, а дека во тек се и преговори околу форматот со латино-американските земји, јави Турската радио телевизија.

- Не мислам дека Арапската пролет влијаеше на извозот на турските серии – вели Гилген, додавајќи дека поради најновите настани во Сирија и Египет спречени се емитувањата на турски серии на некои телевизиски канали во овие заливски земји, но дека не дошло до губење на бројот на гледачите.

- Емитувањето на серии во другите земји на Северна Африка и понатаму продолжува. Се надевам дека овие проблеми ќе се надминат во следниот период бидејќи турските серии наидуваат на голем интерес во тој регион. Така, и ако дојде до намалено емитување на ТВ каналите, луѓето ги следат преку интернет. Од таа причина сметаме дека интересот на гледачите не е намален.

Истакнувајќи дека турските серии и понатаму се емитуваат во над 50 земји, Гилген вели дека моментално најгледани серии се Како што минува времето, Сулејмна Величествениот, Изгубена чест, Девојката по име Фериха, Карадај, Исток и Запад, Страстите на ориентот. 
Гилген објасни дека кога се впуштил во авантура на продажба на турски серии почнал со цена од 30 до 50 долари по епизода, а сега таа бројка се движи од 500 до 2000 долари. Претпоставувам дека извозот на турските серии на крајот на 2013 година ќе надмине вредност од 150 милиони долари, рече Гилген.

Гилген истакна дека на странските пазари најголем удел имаат драмите, љубовните и семејните серии, а дека комедиите и акционите серии не се соодветни за странство. Тој ја потенцираше серијата Сулејман Величествениот, која како што рече, внела целосно нов дух во секторот. Серијата која говори за важен историски период, која преку приказна на една жена, со разни костуми, декор и логика на снимање, е понудена на гледачите. Гилген објасни дека оваа серија е напишана врз основа на претходно снимена серија Тудорс, како и тоа дека забележала голем успех.

Околу серијата на Фатих, Гилден рече дека се уште е рано да коментира. 
- Потрошениот труд и пари навистина се големи. Фатих Аксој се осуди да направи нешто што до сега никој не го направил. Се надевам дека ќе успее во тоа. Ако биде успешна, серијата сигурно ќе го заземе заслуженото место во странство, бидејќи филмот го продадовме во многу земји. Нашиот најголем проблем во историските серии се сценаријата.

Секојдневните серии можат да се прилагодат и да се преведат со помош на странски извори и на некој начин да се постигне гледаност, но кога се работи за историска тема, се случува да не бидат добро објавени подготовките или погрешно да се замисли фикцијата. Ако обрнете внимание на серијата Сулејман Величествениот, ќе видите дека тоа е серија која е далеку од историските факти, каде гледаме приказна на борба за власт на жените во харем, но наспроти тоа постигна одличен резултат. Критики беа упатени бидејќи серијата се фокусира на приказни од харемот, наместо на походите на султан Сулејман. Исфрлете ги костимите, султан Сулејман и султанија Хурем нека бидат во главна улога, ќе видите дека темата на серијата не е поинаква од серии на секојдневието – вели Гилген. 
 
Земји во кои и понатаму се извезуваат турски серии се:
Авганистан, Германија, Албанија, Австрија, Азербејџан, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Босна и Херцеговина, Брунеи, Бугарија, Алжир, Чешка, Кина, Индонезија, Естонија, Мароко, Грузија, Хрватска, Косово, Кувајт, Летонија, Либија, Литванија, Либан, Унгарија, Македонија, Малезија, Египет, Узбекистан, Пакистан, Романија, Русија, Словачка, Словенија, Сирија, Тајланд, Тајван, Тунис, Украина, Оман, Јордан, Виетнам, Јемен и Грција

31.10.2013 - 11:05

најчитано сега