Фирмата која го ангажирала Сноуден ќе добие тужба од Американското Министерство за правда

Фирмата УСИС која дала поволно мислење за Едвард Сноуден ќе заработи тужба од американското министерство за правда, поради тоа што системски несоодветно го истражила минатото на кандидатот. Имено оваа фирма го оценила Сноуден за способен за работа во Федералните органи на САД, заедно со Арон Алексис кој минатиот месец убил 12 луѓе во американската морнарица. УСИС е фирма која што со САД од 1966 година има договор за разгледување на лица кои сакаат да работат во федерални агенции. 

 

 

31.10.2013 - 10:04