Антиќ го имаше дебито во НБА

Перо Антиќ за прв пат стапна на паркетот во новата НБА сезона на мечот меѓи Атланта и Далас. Македонецот се најде на теренот осум минути не успеа да постигне кош, а имаше еден обид за три поени и два скока во одбрана. Мечот го доби Далас со 118:109 (33:28; 20:27; 33:24 и 32:30).

Далас до победата стигна благодарение на серијата од 17:4 во третиот период кога успеа да направи пресврт и да поведе добивајќи ја таа четвртина со девет поени разлика (33:24).

Најефикасен на дуелот беше Монта Елис од Далас со 32 поена, додека кај Атланта најпрецизен беше Џеф Тиго со 24 поени.

Следниот натпревар Атланта го игра дома со Торонто на 1 ноември.

На другите дуели одиграни ноќеска беа постигнати следниве резултати: Кливленд – Бруклин 98:94, Филаделфија – Мајами 114:110, Торонто – Бостон 93:87, Детроит – Вашингтон 113:102, Њујорк – Милвоки 90:83, Хјустон – Шарлот 96:83, Минесота – Орландо 120:115 (продолжение), Њу Орлеанс – Индијана 90:95, Сан Антонио – Мемфис 101:94, Јута – Оклахома Сити 98:101, Феникс – Портланд 104:91, Сакраменто – Денвер 90:88 и Голден Стејт – Лос Анџелес Лејкерс 125:94.

Вечерва на програмата се само два натпревара: Чикаго – Њујорк и Лос Анџелес Клиперс – Голден Стејт. 

31.10.2013 - 09:56