НСА ги шпиунирала „Гугл“ и „Јаху“

Весникот „Вашингтон пост“ објави документи превземни од поранешниот соработник на тајните служби Едвард Сноуден во кои посочува дека НСА ги надгледувала серверските центри меѓу Јаху и Гугл и покрај тоа што немала согласност од двата концерна. Весникот пренесува дека ваквиот проектот бил крстен со име MUSCULAR а во истиот била замешана и британската тајна служба GCHQ. 

Весникот пишува дека во документите на НСА стои оти оваа служба од 9 јануари годинава секојдневно испраќа податоци од интерните мрежи на Гугл и Јаху во центрите за податоци во седиштето на НСА во Форт Мид. Притоа, од ваквото шпионирање може да се погодени повеќе стотици милиони граѓани, меѓу нив и многу американски граѓани.

31.10.2013 - 09:47

најчитано сега