Црна Гора прекина да увезува албански земјоделски производи

Одредени земјоделски производи од Албанија повеќе нема да има можност да се увезуваат во Црна Гора откако владата ги забрани поради откривањето на големи количества препарати за заштита. Црногорското министерство за земјоделство конфискуваше големи количества на краставици од Албанија и во нив е откриено големо количество на пестицидот „спироксамин“. Количество кое го надминува и она нормалното кое го пропишува ЕУ.

Одлуката за забрана е донесена по активирање на програмата за мониторинг над препаратите за заштита кај зелечукот и овошјето.

31.10.2013 - 09:18