Мистериозна смрт на 29 годишен битолчанец

Од што почина 29 годишниот битолчанец кој на 20-ти октомври бил хоспитализиран на инфективното одделение во Клиничката болница во Битола? На ова прашање одговор чека семејството на починатиот, лекарите и истражниот судија, пренесува телевизија Тера.

Пациентот, како што објаснуваат од Клиничката болница бил примен со главоболка и температура, во добра општа состојба. Во изминатите денови направени се сите дијагностички и терапевтски процедури. Извршени се повеќе консултатини прегледи, направена е компјутеризирана томографија и магнентна резонанца, кои не покажале никакви здравствени проблеми.

Во сите овие денови , пациентот бил во општа добра состоја.  Се до денеска до 10:15 кога пациентот ненадејно починал. Од болницата велат дека му се слошило, ги презеле сите итни мерки, но не можеле да направат ништо. 

Лекарскиот тим од инфективното одделение побарал медицинска обдукција,  која била одобрена и од страна  на семејството, а која треба да покаже која била причината за смртта.
Настанот бил пријавен и во битолската полиција од каде велат дека нивен тим бил во посета на болницата, а истражен судија наредил обдукција.

 

 

30.10.2013 - 23:30
Фото: 
РСЕ

најчитано сега