Запленети 600 килограми марихуана во Драч

Албанската полиција во пристаништето Драч при рутинска контрола на камион кој требало со траект да замине за Италија, откри 600 килограми марихуана, јави МИА.

Полицијата потврди дека дрогата била сокриена во горниот дел на камионот и оти е упасен неговиот возач, кој е албански државјанин. Ова е најголемо количество на марихуана запленети во Драч во последните неолку месеци.

Полицијата утрово кај Валона запленила уште 90 килограми марихуана, исто така намената за италијанскиот нарко пазар.

Во селото Лазарат годишно се произведуваат околу 900 тони марихуана од која жителите заработуваат 4,5 милијарди евра. Своето „производство“ тие го бранат со оружје и на секој обид на полицијата да влезе во селото пукаат врз полуициските припадници.

30.10.2013 - 16:36