Каргов: Ниту една царинска испостава не врши царинење во сабота

Директорот на Царинската управа Ванчо Каргов, на новинарско прашање во врска со барањето на Кластерот за текстил, да се пролонгира новата мерка на Царината во Штип за царинење текстилни производи само во текот на неделата, од понеделник до петок, а не и во сабота како досега, одговори дека во ниту една царинска испостава не се врши царинење во сабота. 

- Можности за 24-часовно царинење има на сите гранични премини без трошоци, а доколку некој сака да царини кој било ден надвор од работното време, треба да поднесе барање, изјави Каргов.

Тој не се согласува дека во штипската испостава се распоредени цариници кои, како што смета Кластерот, немаат доволно искуство што прави застој во работењето. 

30.10.2013 - 15:31
Фото: 
Евести

најчитано сега