Собраниската Комисија за труд и социјална политика расправаше за Извештајот на ЕК

Во Собранието денеска собраниската Комисија за труд и социјална политика расправаше по извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија за 2013 година во делот на социјалната политика и вработувањето.

Цветанка Иванова од СДСМ вели дека со забелешките на Европската комисија точно се нотирани слабостите, а според неа еден од спорните моменти во извештајот е забелешката дека во Македонија во текот на годинава било оспорено правото на штрајк.

На ваквиот став на Иванова реплицираше заменик-министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими, кој истакна дека во изминатиот период е направено многу во насока на унапредувањето на правата на работниците, на социјалната заштита, како и во справувањето со невработеноста.

За Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија за 2013 година откако ќе биде разгледан на собраниските комисии ќе се расправа на пленарна седница. 

30.10.2013 - 14:38

најчитано сега