Македонија доби 3,5 милиони евра за програми за образованието

Министерството за образование и наука и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност денеска најавија почеток на нова кампања чија цел е подигнување на видливоста на европските програми наменети за образование, обука и млади. 

Министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, денеска информираше дека оваа година се очекува подобра искористеност на средствата или искористеноста да се зголеми на 90%.

-Апелирам до потенцијалните корисници, посебно да обрнат внимание на новата програма Еразмус + бидејќи истата обезбедува многу повеќе, но и поголеми можности, преку буџетот кој практично ќе биде двојно поголем во однос на буџетот за реализација на европските програми од оваа година, односно ќе изнесува 3,5 милиони евра, истакна Ристовски.

Инаку, до  крајот на годинава ќе бидат организираниинфо денови за програмата „Доживотно учење“ и „Млади во акција“. За програмите ќе може да се аплицира до месц декември.

30.10.2013 - 14:07
Фото: 
нетпрес

најчитано сега