Нема да ви се верува: Трудница се породила во сон!

Една Британка дефинитивно имала многу среќа. Таа верувале или не се породила во сон.

Откако еден британски пар се вратил од болница поради лажна паника дека жената ќе се породи, таа си легнала, а нејзиниот сопруг морал да интервенира бидејќи таа започнала да се пораѓа во сон. Додека девојката да сфати што се случува, главата на бебето веќе била надвор.

- Легнавме да спиеме како и секоја вечер. Сара ме викна за да ми каже дека се чуствува премногу чудно. Кога погледнав имав што да видам, главата на бебето беше надвор, вели таткото.

Тој додава дека најпрво го фатило паника, а потоа се соземал и се погрижил за папочната врвца.

Сара родила здраво бебе тешко три килограми и 100 грама.

30.10.2013 - 13:01

најчитано сега