Регистрирано силно невреме во крајбрежјето на Хрватска и делови од БиХ
Делови Хрватска и Босна и Херцеговина како што се островите Хвар и Брач, поширокото подрачје на Сплит, но и општината Луковац денеска беа зафатени од силно невреме. Невремето се случило околу 22 часот меѓу Вис и Корчула кое подоцна го погодила подрачјето на Сплит. Во период од еден час од метеоролошката станица Сплит Висока измерија 40 литри дожд, додека во Каштел Гомолица 60 литри дожд на метар квадратен. Поројниот дожд бил проследен со интезивни грмежи кои траеле повеќе од еден час. На поедини места дури бил забележан и град, кој бил проследен со силен ветер. Невремето било забележано и на подрачјето на општината Луковац во соседна БиХ. Во населбата Пољице кај Тузла ветрот корнел дрва, а сообраќајот на релација Луковац - Бановиќи бил запрен.