Спектакуларна фигура на римски орел пронајдена во гробница во Лондон

Археолози открија римско британска скулптура во Лондон. Како што пренесуваат островските медиуми, спектакуларната скулптура на римскиот орел со змија во клубот е висока 65 сантиметри и е пронајдена на дното на древен римски ров јужно од Алдгејтстаницата во јужниот дел на градот. Скулптурата денеска е изложена во Лондонскиот музеј. Орелот најверојатно ја красел внатрешноста на ровот или гробницата која припаѓала на богат жител на Лондон кој починал на крајот на првиот или почетокот на вториот век. Орелот и змијата како и фактот дека е закопан на гробно место во близина на еден од главните патишта во Лондон, укажуваат на тоа дека станува збор за моќен човек. Орелот е римски симбол на силата, а змијата во римскиот свет претставува опасност и сила на подземјето.    

 

 

30.10.2013 - 12:35

најчитано сега