Скандал: Украдени ордените на Јованка Броз од нејзиниот гроб

Орденот за храброст кој го доби вдовицата на Тито, Јованка Броз, е украден од Куќата на цвеќето, по нејзиниот погреб, пренесува Блиц.

Јованка Броз која почина откако речиси еден месец беше приклучена на апарати во клиниката во Белград, беше закопана во саботата со високи воени почести. До ковчегот биле поставени два ордени за храброст и уште еден орден кој Јованка го добила во минатото. Како што пренесува Блиц, по само неколку денови, ордените биле украдени од Куќата на цвеќето.

Засега не се знае кој го сторил делото.

Инаку, Јованка почина минатата недела во Белград на 89-годишна возраст.

30.10.2013 - 12:33

најчитано сега