НСА: Не ги прислушкувавме европските граѓани

Директорот на американската Национална агенција за безбедност Кит Александер негираше пред Конгресот на САД дека НСА прислушкувала телефонски разгвовори во Европа.

„Да бидам јасен: Ние никогаш не собиравме информации за европските граѓани“, изјави тој вчера под заклетва пред Одборот за известување во Претставничкиот дом и додаде дека НСА тие податоци го добивала од своите „европски партнреи“. Францускиот и шпански печат на почетокот на неделава објавија, повикувајќи се на податоци на службеникот на НСА Едвард Сноуден кој се скри во Русија, дека НСА во период од месец дена прислушкувала 70 милиони телефонски разговори во Франција и 60 милиони во Шпанија. Италијанскиот печат објави дека американските и британските службеници ги прислушкувале и италијанските граѓани. 

 

30.10.2013 - 11:58

најчитано сега