Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната седница го разгледа Предлог-законот за прибавување и размена на докази и податоци по службена дејност, во прво читање, и едногласно и без расправа заклучи дека е прифатлив и оти може да се даде на натамошно читање.

Како што информира заменик министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска, со донесувањето на Предлог-законот ќе се создаде правна основа за задолжително прибавување и размена на докази и податоци по службена дејност. Тоа, пак, ќе овозможи спроведување поедноставна и поефикасна управна постапка и ќе ги намали административните бариери за граѓаните во остварувањето на нивните права и правни интереси.  

- Прибавувањето и размената на докази и податоци по службена дејност е веќе регулирано во Законот за општа управна постапка, но овој Закон има субститијарна примена што значи дека се применува само доколку со посебните закони определената материја не е поинаку регулирана. Со оглед на фактот што во посебните закони не е регулирано задолжително прибавување на докази и податоци по службена дејност се јавува потреба од менување на сите закони што ја регулираат оваа состојба. За да ја надминеме потребата од менување на 300 посебни закони како поефикасно  решение се одлучивме да донесеме закон кој ќе ја регулира оваа материја и ќе биде задолжителен за сите органи, појасни Арсовска Томовска.

ФОТО:Сител 

најчитано сега