Шпанија прогласи вонредна состојба

Шпанската влада прогласи вонредна состојба во земјата поради коронавирусот и воведе полициски час од 23 до 6 часот наутро.

Со цел да се запре ширењето на Ковид-19, Советот на министри, предводен од премиерот Педро Санчез, одлучи да воведе втора вонредна состојба во земјата од почетокот на годината.

Првата траеше од март до јуни, а според неофицијални информации, втората може да трае до април 2021 година

Минатата недела, Шпанија стана првата земја во Европа и шеста во светот што регистрирала еден милион случаи на зараза со коронавирус.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.10.2020 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега