Секој трет Американец сега е хонорарец

Кризата која што ја зафати американската економија предизвика да секој трет Американец од редовен работен однос да биде трансформиран во хонорарец.Кризата која што почна од 2008 година предизвика да тамошните работници со редовен работен однос да почнат да работат о договор, на одредени проекти или огрнаичено работно време. Ова го покажале податоците на Сојузот на фриленсери, која е приватна непрофитабилна организација.  

Новинарката на Гласот на Америка Керолајн Вивер подготви приказна за професионалци од Њујорк, кои не можат да најдат долгорочна работа, на еден кој е на почеток на кариерата и на друг кој е близу пензија.

Хери Зупник, експерт за информатичка технологија, отпуштен е од голема компанија за телекомуникации во 2007 година.

- Од тогаш, што е нешто повеќе од шест години работев околу две години и тоа хонорарно на одредени проекти. Дојдете, работете на проектот, завршете го и одете си.

Зупник се надевал дека ќе биде делумно пензиониран кога ќе наполни 60 години. Меѓутоа, сега се плаши да одбие каква било работа.

- Кога не работам, се плашам да одам на одмор, поради трошоците, а и да не пропуштам прилика да работам на некој проект.

Корин Пуликај, иако многу помлада од Зупник, се наоѓа во слична ситуација: работи на привремени работи, додека студира дизајн и маркетинг. Минатата година таа го напуштила постојаното работно место, затоа што не постоела можност да напредува.

- Меѓутоа, од тогаш не можам да најдам редовна работа, така морав да работам на разни места на одредено време.

Корин истакнува дека добро платените сигурни работни места се се поретки. 
- Состојбата е застрашувачка. Мислам дека се создава нов економски систем, во кој сте на некој начин препуштени сами на себе.

Експертите наведуваат дека околу една третина вработени Американци имаат привремени работни места, работат по договор или половина работно време. Речиси сите работат без осигурување, како што е пензиско и цело работно време и плата. Основните причини се преселување на работните места во странство, како и финансиските реформи, смета професорот од одделот за бизнис на Универзитетот на сојузната држава Пенсилванија Питер Капели, кој за Гласот на Америка зборуваше преку Скајп.

- Компаниите овие денови не се сигурни дали побарувачката ќе расте или ќе паѓа и колку долго проектот ќе трае. Порано работниците беа долгорочно запослени и беа задржувани и во случај на лошо работење на компаниите. Тоа повеќе не е случај.

Капели истакна дека многу работници не се одлучуваат да прифатат хонорарни работни места.

- Многу луѓе немаат доволно длабоки џебови, за да може таков вид на работа да биде соодветна за нив. Меѓутоа, работодавците повеќе ги сакаат и тоа им помага да останат конкурентни, така всушност оваа приказна е за победници и губитници.

За Хери Зупник, напорите да најде работа, влијаат на секој аспект од неговиот живот. 
- Семејниот живот, пријателствата, врските, самодовербата, начинот на кој се чувствувам кога одам по улица.

Зупник неодамна прифатил работа на одредено време во Бафало, шест часа возење од Њујорк.

Во меѓувреме, Корин Пуликај се надева дека дипломата за дизајнер ќе ги подобри шансите да најде работа во редовен работен однос.

30.10.2013 - 10:20

најчитано сега