Хејг се закани: Ако Шкотска прогласи независност ќе лета од ЕУ

Доколку мнозинството граѓани во Шкотска гласа за независост оваа земја ќе се најде надвор од Европската унија, се огласи британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг. Референдумот треба да се одржи наредната година во септември. И Велика Британија и Шкотска имаат огромен заемен интерес што се дел од Обединетото кралство истакна Хејг. 

Многу е важно да се знае дека ако Шкотска излезе од составот на Велика Британија, таа излегува и од организациите, во кои членува кралството, вклучително Европската унија, нагласи британскиот министер за надворешни работи.

Британскиот министер за внатрешни работи Тереза Меј вчера изјави дека ако објави независност, Шкотска создава опасност по безбедноста на Обединетото кралство, бидејќи на новата држава ќе и биде потребно време да создаде армија и специјални служби. Меј предупреди дека поради недостигот на ефективни безбедносни структури властите во независна Шкотска нема да можат да ја гарантираат безбедноста на сопствените граѓани, особено против тероризмот.

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо, неодмна изјави дека, ако Шкотска прогласи независност, таа ќе треба да се кандидира за членство во ЕУ и да преговара за влез со секоја земја членка.

Референдумот за независност на Шкотска ќе се одржи по иницијатива на нејзината регионална влада, предводена од лидерот на Шкотската национална партија Алекс Салмонд

30.10.2013 - 09:29

најчитано сега