Изгореа 44 лица во автобуска несреќа во Индија

 
Четириесет и четири лица загинаа при пожар во автобус во јужниот дел на Индија. Медиумите пренесуваат дека несреќата се случила откако возачот на автобусот удрил во заштитната ограда на патот кој водел од Бангалор до Хидерадад при што дошло до пробивање на резервоарот со нафта. Само петмина вклучително и возачот успеале да се спасат. Тие ги искршиле прозорците и успеале да побегнат. По несреќата возачот и лицетот кое што го чистело автобусот се обиделе да избегаат, но тамошните служби брзо реагирале и успеале да ги фатат. Тројца од преживеаните се хоспитализирани.
30.10.2013 - 09:15

најчитано сега