Маж со автомобил прегазил жена во Скопје

 

Пензионерка од Скопје се здобила со тешки телесни повреди откако во неа удрил автомобил.

-На 19.10.2020 во 08:00 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул.„Лондонска“, патничко возило „опел“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 57-годишниот Т.П. од Скопје, удрило во 78-годишната М.Ј.од Скопје. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила М.Ј., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа на СВР Скопје - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.10.2020 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега