Филипче: Ситуацијата е навистина сериозна, следен чекор е полициски час

 

Капацитетите во болниците продолжуваат да се пополнуваат. Веќе се исполнија инфективните одделенија во Струмица, Куманово, Штип, Кочани, нема место во болницата во Прилеп и уште едно крило е отворено во болницата во Битола, кажа министерот за здравство Венко Филипче на брифинг со новинарите.

„Пратејќи ги сите овие трендови, анализирајќи ги сите овие нови бројки на заразени, нешто што и беше очекувано и го најавувавме и се случува насекаде во регионот и Европа, на Владата за утрешната седница ќе и предложиме сите економски оператори да работата до 23 часот, ограничување на капацитетот во јавниот превоз до 50 проценти и препорака  до целата државна јавна администрација работниот процес се одвива во смени или онлајн од одма или редуцирано со систем на ротации.

Сметаме дека ова е пакет на мерки којшто значајно може да го намали бројот.

Ситуацијата е навистина сериозна, следен чекор би бил целосно ограничување на движењето односно полициски час.

Да смогнеме сили да го избегнеме сето ова, заради тоа што ова е начинот за заштита“, кажа Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.10.2020 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа